Македонија

Влада: Продолжено е ограничувањето на цените на основните прехранбени производи

22.01.2024 21:55

Со донесените измени на постоечката Одлука се продолжува ограничувањето на цените до 29 февруари 2024 година, наместо до 31 јануари 2024 година, за определени видови основни прехранбени производи, како ориз, брашно, леб и други пекарски производи, бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, млеко, јајца, сирење, кашкавал и други млечни проиводи...

Владата на денешната седница донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед, соопштија од владината прес-служба.

Со донесените измени на постоечката Одлука, на предлог на Министерството за економија, се продолжува ограничувањето на цените до 29 февруари 2024 година, наместо до 31 јануари 2024 година, за определени видови основни прехранбени производи како ориз, брашно, леб и други пекарски производи, бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, млеко, јајца, сирење, кашкавал и други млечни проиводи.

Со измените на постоечката одлука, до 29 февруари се продолжува ограничувањето на цените и за минерална негазирана и газирана вода и негазирани и газирани пијалоци (сокови), во определени пакувања и светло пиво.