Скопје

Конференција „Година на европски можности“

23.01.2024 08:31

Година на европски можности.Во фокусот на конференцијата евроинтеграцијата клучен процес во оваа година.

„Година на европски можности“ е насловена денешната конференција која ја организира Владата на Република Северна Македонија.

Конференцијата со воведно обраќање ќе ја отвори премиерот Димитар Ковачевски, по што ќе се обрати првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

Во рамки на конференцијата, на засебни панел сесии ќе се дискутира и ќе се направи пресек на владините политики и мерки преземени во 2023 година, со фокус на евроинтеграциите како клучен процес за 2024 година.