Кина

Силен земјотрес со јачина од 7,1 степен на границата меѓу Кина и Киргистан

23.01.2024 09:43

Силен земјотрес од 7,1 степен го погоди западно кинескиот регион Шинџијанг. Најмалку 6 лица се повредени.

Силен земјотрес од 7,1 степен го погоди западно кинескиот регион Шинџијанг. Најмалку 6 лица се повредени.

Спсувачките екипи се на терен, јавуваат кинеските власти. Земјотресот бил почувствуван и во Казахстан и Киргистан. Во Алмати, најголемиот казахстански град се повредени 44 лица.

Епицентарот бил во општината Аксу во планинскиот регион на границата на Кина со Киргистан.