Формула 1

Маса удри, Перез виновен

09.06.2014 15:15

Возачот на Форс Индија, Серхио Перез е казнет со 5 места на стартот за наредната Ф1 трка за ГН на Австрија поради инцидентот во последниот круг на трката во Канада. Имено, во обид да мине напред Фелипе Маса удри во задното тркало на Перез по што и обајцата не ја завршија трката.

Иако според непишано правило тој што удира одзади е виновен, сепак по неколкучасовно разгледување на снимката од инцидентот стјуардите решиле дека вината е кај Перез поради напуштање на тркачката траекторија на влезот во првиот свиок.

Среќа во целиот инцидент е што обајцата возачи минаа без посериозни повреди , иако звучи неверојатно пресметката дека при контактот со ѕидот Перез удрил со сила 27Г.

Од тимот на Форс Индија обвинуваат за заговор на стјуардите против нивниот возач,а од другастрана директорот на Ф1 трките Чарли Вајтинг вели дека таквата теорија е чиста глупост.