Временска прогноза

Сончево и студено со температури до-18 степени

23.01.2024 10:02

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Во утринските часови ќе биде многу студено, а по одделни котлини ќе има појава на магла, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)...

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Во утринските часови ќе биде многу студено, а по одделни котлини ќе има појава на магла, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе дува слаб до умерен северен ветер кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието. Утринските температури ќе бидат од минус 18 до минус 6 степени, а во текот на денот од минус 3 до 7 Целзиусови степени.

Во Скопје, според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде наутро студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер. Наутро температурата ќе биде минус 11 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 3 Целзиусови степени.