Тенис

Ѓоковиќ обезбеди ново полуфинале на Австралија Опен

23.01.2024 11:14

Новак Ѓоковиќ обезбеди ново полуфинале на Австралија Опен откако денес во еден интересен меч беше подобар од Американецот Тејлор Фриц со 3:1 во сетови...

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ обезбеди ново полуфинале на Австралија Опен откако денес во еден интересен меч беше подобар од Американецот Тејлор Фриц со 3:1 во сетови (7:6, 4:6, 6:2 и 6:3). Ѓоковиќ изгледаше подобро во најголемиот дел од мечот, но откако не искористи дури осум брејк топки мораше да се извлекува на крајот кога спасуваше две сет топки.

Сетот на крајот отиде во тајбрејк каде што уште еднаш го покажа својот квалитет и со 7:3 дојде до водство од 1:0. Клучниот момент на мечот можеби беше шестиот гем кога Ѓоковиќ освои поен на сервис на Фриц и поведе со 4:2, иако веднаш Фриц го врати брејкот, Ѓоковиќ беше одличен и во следниот сет, со нов брејк си го трасираше патот до победата.