Интервенции

Само за еден ден 27 скршеници од лизгање и паѓање по замрзнатите битолски тротоари и сокаци

23.01.2024 12:25

Ниските ноќни и утрински температури ги подмрзнаа битолските тротоари и осојничави улици. Само во текот на вчерашниот ден на одделението за ортопедија и трауматологија имало над 120 прегледи при што биле констатирани 27 скршеници а три пациенти биле и хоспитализирани.

Од Одделението за ортопедија и трауматологија, велат од вчера е зголемен обемот на работа. Наплив од пациенти од помладата доба. Паѓањето и повредите најчесто настанале при чистењето на паркираните возила или од движење по подмрзнатите места во текот на вчерашниот ден.

Врз дел од потешко повредените извршени биле и оперативни зафати. Моменти кога граѓаните се потсетуваат на некогашните зими кога градот и под-20 степени бил со недели окован во студ и мраз. Велат главните сообраќајници се чисти опасност се споредните улици.

Студот ги донесе и првите пријави за пукнати водомери, а во утринските часови потешко палат и постарите камиони на ЈП „Комуналец“, кој на терен излегуваа подоцна од вообичаеното време.

 

Стевче Митревски