Украина

НАТО набавува муниција од 1,2 милијарди долари на земјите-членки што доставуваат муниција на Киев

23.01.2024 12:19

НАТО потпиша договор од 1,2 милијарди долари за набавка на муниција и гранати за да ги дополни залихите на земјите-членки што доставуваат муниција на Киев.

Жртви и повредени во руски воздушни напади врз Киев и Харков, соопштија украинските власти. Погодена е станбена зграда во Харков, се трага под урнатините.

Полска подигна борбени авиони поради зголемената активност на руската авијација против Украина. Во меѓувреме, НАТО потпиша договор од 1,2 милијарди долари за набавка на муниција и гранати за да ги дополни залихите на земјите-членки што доставуваат муниција на Киев.

„Важно е да ја одбраниме сопствената територија, да изградиме сопствени резерви, но и да продолжиме да ја поддржуваме Украина. Ќе ја поддржиме Украина со системите и оружјето и муницијата што им се потребни. Не можеме дозволиме рускиот претседател Путин да победи, тоа би било трагедија за Украинците и опасно за сите нас“, изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.