Турција

Кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, ставена на агендата на турскиот Парламент

23.01.2024 12:36

Кандидатурата на Шведска за членство во НАТО и официјално е ставена на агендата на турскиот Парламент...

Кандидатурата на Шведска за членство во НАТО и официјално е ставена на агендата на турскиот Парламент. Просто мнозинство од пратениците во парламентот од 600 места е доволно за документот да биде одобрен.

Одлуката на Парламентот ќе стапи во сила откако турскиот претседател Ердоган ќе го потпише указот.

Претходно процесот се одвиваше бавно поради обвинувањата од Анкара до Стокхолм, дека недоволно сериозно ги сфаќа турските безбедносни грижи поврзани со Кудската работничка партија.