Лекарите и медицинските сестри ќе учат хоспитална култура

09.06.2014 15:25

Ќе имаат задолжителна обука за подобра меѓусебна и комуникација со пациентите. Први се универзитетските клиники и ГОБ 8-ми Септември Скопје...

Министерството за здравство од 11 јуни почнува со обуки на сиот медицински и административен персонал во јавните здравствени установи за подигање на нивото на хоспиталната култура. Целта е да се подобри комуникацијата меѓу пациентите и лекарите, но и на персоналот меѓу себе за да се обезбеди  поголем квалитет на здравствени услуги. Пациентот го завзема централното место.  Првите групи  се од Универзитетските клиники и од Градската болница 8 септември. Ова е дел од континуираната медицинска едукација која што треба да влијае и на организацијата на македонските здравствени установи. 

Лекарите и медицинските сестри  да бидат љубезни кон пациентите, но, и во меѓусебниот односот. Внимателно да ги соопштуваат лошите вести и дијагнози на пациентите, но и пациентите да бидат љубезни кон нив. Оваа едукација е долг процес, а првите резултати се очекуваат за 4-5 години-рече министерот за здравство Никола Тодоров на денешната прес конференција.

Протоколот за хоспитална култура е објавен во Службен весник. Хоспиталната култура е дел од сите развиени здравствени системи.

Соња Стојановска