Албанија
Голема полициска акција против нарко банди во Тирана
23.01.2024 14:31
Во голема полициска акција албанската полиција уапси 273 лица осомничени за производство и продажба на дрога.

Во голема полициска акција албанската полиција уапси 273 лица осомничени за производство и продажба на дрога, главно во близина на училишта.
Според тамошното МВР, во акцијата спроведена во Тирана и други градови, биле опфатени членови на седум криминални банди.
