Европа

Напади врз Украина, Полска подигна борбени авиони

23.01.2024 14:37

Полска подигна борбени авиони поради зголемената активност на руската авијација против Украина. Кремељ и натаму тврди дека цел на Русија никогаш не била цивилна инфраструктура.

Жртви и повредени во руски воздушни напади врз Киев и Харков.

„Непријателот повторно го погоди Харков, целосно е уништена петкатница. Спасувачите се обидуваат да ги извлечат луѓето од под урнатините“, изјави Серхи Булинов - началник на Истражниот оддел на полицијата на Харков.

Полска подигна борбени авиони поради зголемената активност на руската авијација против Украина. Кремељ и натаму тврди дека цел на Русија никогаш не била цивилна инфраструктура.

„Тоа е она што ги прави нашите војници драстично различни од војниците на режимот во Киев“, изјави Дмитриј Песков - портпарол на Кремљ.

Во истовреме, НАТО потпиша договор од 1,2 милијарди долари за набавка на муниција и гранати за да ги дополни залихите на земјите-членки што доставуваат муниција на Киев.