Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до февруари
Цените на храната и пијалаците остануваат замрзнати до крајот на февруари. Со донесените измени на постоечката одлука чија важност истекуваше на 31-ви месецов, Владата на предлог на Министерството за економија, ја продолжи за уште еден месец...

Цената на оризот, брашното, лебот, бисквитите, тестенините, млекото, јајцата, сирењето и други млечни производи остануваат замрзнати до крајот на февруари, одлучи Владата. Според економистите, ограничувањето на цените не е пазарна мерка, а ако навистина Владата сака да го заштити населението, треба да ги активира стоковите резерви.
И покрај ограничување на цените, граѓаните се жалат дека едвај преживуваат.
И додека граѓаните реагираат на скапотијата, министерот за економија се пофали дека од 20%, инфлацијата на храната и пијалаците паднала на 0,1%.
За разлика од кај нас, економистите укажуваат дека економиите во светот имаат поинаков пристап и проблемот не го решаваат со замрзнување на цените на краток рок.
Ограничувањето на цените освен за храната, останува да важи и за пијалаците до крај на февруари.
Борис Грујоски
