Маса лут на Перез: „Не му е прв пат“
Фелипе Маса директно го обвини својот колега од екипата на Форс Индија, Серхио Перез за инцидентот на трката во Канада по кој обајцата не го завршија натпреварот.
Според Маса, на Перез не му е прв пат да го менува правецот на движење при сопирање и дека мора да свати дека е тоа многу опасно при брзини од над 300 километри на час.

„Му реков дека мора да учи и да се стави на мое место како човек што знае како е да се има сериозен инцидент. Се надевем дека ме свати, зошто не рече ништо туку само се заврте и замина“-изјави Маса по задолжителните прегледи во болница откако беше констатирана исклучително голема сила на удар во ѕидот од околу 27G.
Маса додава дека казната од 5 места на стартот на трката за Перез е премала за опасноста што ја предизвикал и дека среќа во целиот инцидент е што не се судриле и во Фетел кој беше во непосредна близина.
Од другастрана Перез вели дека имал проблеми со електрониката на болидот во последните кугови и без да го коментира инцидентот додава дека подиумот бил реален.