Конференција

Оваа година е клучна за забрзување на реформите и интеграцијата, порача Ковачевски

23.01.2024 14:58

Оваа 2024 година, е клучна за забрзување на реформите и интеграцијата – порача премиерот Ковачевски на Конференцијата „Година на европски можности“...

Не отстапуваме од политиките за исполнување на европските цели. Со членството во ЕУ влегуваме во механизам во кој ниедна криза нема да ја пребродиме сами и без помош – изјави премиерот Димитар Ковачевски на Конференцијата „Година на европски можности“.

Првиот вицепремиер Артан Груби за предизвиците во последните неколку години кои ги доживеа државата рече дека се со еден центар на нивно поттикнување, а тоа е Русија. Затоа на Македонија и се потребни храбри лидери – посочи Груби кои ќе бидат дел од европскиот фронт.

Дел од министрите во Владата на конференцијата секој од свој аспект ги образлагаше придобивките од членството во Европската унија. Вицепремиерот Маричиќ очекува до крајот на април парите предвидени од планот за раст да почнат да се распределуваат.

На дводневната конференција се дискутира за владеење на правото, судството, здравствените програми и животната средина.

 

 

Миле Ристески