Владата на Ковачевски во четврток поднесува оставка, техничка влада во недела
Во четврток, во 10 часот, целата Влада поднесува оставка. Има време да се завршат сите процедури во законски предвидените рокови и в недела да се изгласа техничката влада, вели премиерот Ковачевски...

Во четврток, во 10 часот, целата Влада поднесува оставка. Има време да се завршат сите процедури во законски предвидените рокови и в недела да се изгласа техничката влада, вели премиерот Ковачевски.
Димитар Ковачевски во четврток ќе поднесе оставка од премиерската функција. Заедно со него, во оставка ќе биде и целата Влада. Согласно законските процедури до полноќ во недела, Македонија треба да добие техничка влада.
Премиерот Ковачевски со порака до ВМРО-ДПМНЕ да даде поддршка на новата Влада, дотолку повеќе што истата ќе ја предводи Џафери, кој своевремено беше министер во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ковачевски смета дека во 2016-та, кога тогашната опозиција на чело со СДСМ не гласаше за пржинската влада, околностите биле различни.
На седница на Извршниот комитет во среда, ВМРО-ДПМНЕ би требало да ги потврди и објави имињата на министрите и дополнителните заменици-министри. Партијата во техничката влада треба да има министри за внатрешни работи и за труд и социјална работа, а дополнителни заменици во ресорите финансии, информатичко општество и администрација и во земјоделство.
Освен Владата, во четврток оставка треба да поднесе и собранискиот спикер, Талат Џафери, кој ќе биде технички премиер на Македонија 100 дена пред изборите, а на негово место доаѓа досегашниот координатор на СДСМ, Јован Митревски.
Марина Стојанова-Тонева
