Јавен превоз

Автобусите се вратија на скопските улиците, вработените во ЈСП добија плата

23.01.2024 17:20

Автобускиот превоз се нормализира. Денеска и вработените добија плата. Од менаџментот велат, не можеме да ги покриеме основите трошоци. Само за нафта претпријатието месечно троши околу 50 милиони денари…

Автобускиот превоз се нормализира. Вработените во ЈСП ја добија декемвриската плата. Неизвесно е каде се двата милиони денари поради што советниците во Град Скопје од опозицијата не гласаа за одлуката за субвенции, со став дека распределбата на парите веќе се изјасниле во октомври.

Автобусите се вратија на сообраќајниците. Граѓаните велат дека редовно и навреме стигаат на постројките

Според менаџментот, само за нафта ЈСП троши месечно помеѓу 45 и 50 милиони денари. Кога ќе се соберат сите трошоци што компанијата ги има, сумата е околу 100 милиони, а претпријатието, вели директорот, располага со 75.000 милиони и не може да ги покрие основните трошоци.

Просечната плата во ЈСП е 33.000 денари, а со додатоците достигнува и до 50 000 денари. 70 отсто од патниците се возат бесплатно. ЈСП три години чека исплата од Владата за субвенции или годишно по 120 милиони денари.

 

Александра Велинова