Домашните акредитации им штедат пари на бизнисмените
Годинешниов Светски ден на акредитцијата се одбележува под мотото обезбедување доверба во снабдувањето со енергија...

Доделувањето на акредитации во домашните лабаратории ќе им заштети пари на домашните бизнисмени. Можноста да добијат меѓународно валиден документ ги скрати и долгите процедури. Добрар пример за тоа е автомобилската индустрија која постојано е во подем.
„Ваквиот подем е добар за македонската економија, за подобрување на условите за водење бизнис и секако за зголемување на извозот. Стопанствениците кои работат во Република Македонија, можат да го испитуваат и докажуваат својот квалитет, тука, во нашата земја, а сепак истиот да им биде признаен насекаде низ светот. Сето тоа резултираше со пониски трошоци во работењето, економичност, ефикасност и исплатливост“, изјави министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.
Годинешниов Светски ден на акредитцијата се одбележува под мотото обезбедување доверба во снабдувањето со енергија.
