Временска прогноза
Утре сончево и студено со ниски утрински температури
23.01.2024 19:37
Подрачјето на нашата земја и утре ќе се наоѓа под влијание на стабилна и сува воздушна маса со сончево време, појава на мала до умерена облачност и со умерен долж Повардарието, повремено засилен ветер од северозападен правец...

Подрачјето на нашата земја и утре ќе се наоѓа под влијание на стабилна и сува воздушна маса со сончево време, појава на мала до умерена облачност и со умерен долж Повардарието, повремено засилен ветер од северозападен правец.
Можна е појава на слаба утринска магла по одделни котлини. Минималната температура ќе се движи во интервал од -12 до -1, максималната од 3 до 11 степени.
Од четврток ќе следува период на променливо облачно и потопло време, со понатамошен пораст на температурата и со услови за слаб локален дожд.
