МИОА

Министерот Алиу не поднесе оставка, повика да се одблокира пакетот закони на МИОА

23.01.2024 20:55

Владата кон крајот на минатата година ги усвои новите закони со кои се овозможува подобрување на јавниот сектор, но се заглавени во Собранието...

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, не поднесе оставка. На прес-конференцијата, попладнево, тој ги повика пратениците да дадат зелено светло за пакетот закони кои, според него, се клучни за јавната администрација.

Владата кон крајот на минатата година ги усвои новите закони со кои се овозможува подобрување на јавниот сектор, но се заглавени во Собранието.

Алиу потврди дека денеска се слушнал со премиерот Димитар Ковачевски кој му рекол дека овие закони ќе бидат на пленарна седница на Парламентот во вторник.