Македонија

„Лидл“ започнува со изградба на дистрибутивниот центар во индустриската зона Речица

23.01.2024 21:33

Во дистрибутивниот центар се предвидува да се вработат стотина работници...

Утре во индустриската зона Речица и во Куманово ќе започне да се гради големиот логистички и дистрибутивен центар на „Лидл“. Во дистрибутивниот центар се предвидува да се вработат стотина работници.

„Лидл“ ја купи парцелата во септември минатата година, а земјиштето со површина од 17 хектари го плати 5,3 милиони евра.

На настанот ќе присуствува и ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања и инвестиции Фатмир Битиќи.