НАТО

Турција ја одобри кандидатурата на Шведска за влез во НАТО

23.01.2024 22:17

Унгарија останува единствената членка на НАТО што допрва треба да го ратификува пристапувањето на Шведска...

Турскиот парламент денеска го одобри барањето на Шведска за членство во НАТО. Шведското барање е испратено до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на конечен потпис, што се очекува да се случи во наредните неколку дена, по што ќе биде проследено до американскиот Стејт департмент.

Унгарија останува единствената членка на НАТО што допрва треба да го ратификува пристапувањето на Шведска.

Предходно денеска, унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека го поканил шведскиот премиер Улф Кристерсон во Будимпешта, за да разговара за ова прашање.