Собрание

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ќе одржи две седници

24.01.2024 08:22

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска има закажано две седници. И тоа 13. седница на која на дневен ред е останат само избор на уставни судии и 41. седница со три точки на дневниот ред.

Последното продолжение на 13. седница пред да биде прекинато на Комисијата се одвиваше дебата за кандидатот за уставен судија Љубомир Јовески, кој во меѓувреме се пензионираше и не е веќе јавен обвинител. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се спротиставуваа на предлогот и одржуваа долги дебати за да ја одолговлечат работата на Комисијата.

На другата 41. седница на Комисијата на дневен ред се Утврдување предлог-одлука за именување на членови на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Утврдување предлог-одлука за именување на директор на Агенцијата за квалитет во високото образование и Разно.