Влада

Ковачевски на подготвителни активности за градба на дистрибутивниот центар на Лидл

24.01.2024 08:25

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на отпочнување на подготвителни активности за градба на логистички и дистрибутивен центар на Лидл во земјава во близина на Куманово...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на отпочнување на подготвителни активности за градба на логистички и дистрибутивен центар на Лидл во земјава во близина на Куманово.

Како што најавија од владината прес-служба, на настанот ќе присуствува и ќе се обрати и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.