Продолжува годишната конференција „Година на европски можности“
Ќе се одржат три панел сесии, на кои ќе се дискутира и ќе се направи пресек на владините политики и мерки преземени во 2023 година, со фокус на евроинтеграциите како клучен процес за 2024 година.

Продолжува дводневната годишна конференција „Година на европски можности“ во организација на Владата. Ќе се одржат три панел сесии, на кои ќе се дискутира и ќе се направи пресек на владините политики и мерки преземени во 2023 година, со фокус на евроинтеграциите како клучен процес за 2024 година.
Како што информира владината прес-служба, првиот панел за денеска или панел 5 е „Земјоделство и рамномерен регионален развој – ЕУ можности и перспективи“.
Следните два панели се „Република Северна Македонија – безбедна членка на НАТО со европска иднина“ и „Инвестициите во инфраструктурата и во културата – траен влог за идните генерации“. Постои можност за следење на конференцијата онлајн.
