Трамп победник на прелиминарните републикански избори во Њу Хемпшир
Трамп освои 54,5 насто од гласовите, освојувајќи 11 електори, додека Хајли има 46,3 насто од гласовите и освои 8 електори од преброени 90 насто од гласачките ливчиња...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп победи на прелиминарните републикански избори за претседателски кандидат што се одржаа во Њу Хемпшир, оствајќи ја зад себе поранешната американска амбасадорка во Обединетите Нации Ники Хејли. Трамп освои 54,5 насто од гласовите, освојувајќи 11 електори, додека Хајли има 46,3 насто од гласовите и освои 8 електори од преброени 90 насто од гласачките ливчиња.
Трамп со овој исход во Њу Хемпшир и со победата во Ајова е сè поблиску до трет мандат за претседателски кандидат на републиканската партија. На претседателските избори во ноември треба да се соочи со актуелниот претседател Џо Бајден.
