Собрание

Претседателот на Собранието денеска ќе одржи ад-хок координација

24.01.2024 09:03

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска ќе одржи ад хок координација, на која, како што информираа од Собранието, ќе се утврдат точните датуми на седниците за оставките и за изборот на техничката влада...

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска ќе одржи ад хок координација, на која, како што информираа од Собранието, ќе се утврдат точните датуми на седниците за оставките и за изборот на техничката влада. Потоа Џафери ќе има неформална средба со претставници на медиумите, на која, како што е најавено, ќе се разговара за тековните и идните активности на Собранието.

Активностите во Собранието, како што беше претходно најавено се следни: констатирање на оставка на претседател на Влада (Димитар Ковачевски) и претседател на Собрание (Талат Џафери), избор на нов претседател на Собрание (Јован Митрески), информирање на претседателот на државата за доделување на мандат на нов претседател на Влада (Талат Џафери), избор на Влада, министри, заменици министри и дополнителни заменици министри, како и констатирање на престанок на мандат на пратеник и верификација на мандат на нов пратеник во Изборна единица 5.