Свет

Столтенберг ја поздрави ратификацијата на членството на Шведска во НАТО во турскиот парламент

24.01.2024 09:08

Турскиот парламент синоќа го изгласа долгоочекуваното одобрување за членство на Шведска во НАТО, по Предлог-законот што пред три месеци го поднесе претседателот Реџеп Таип Ердоган...

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја поздрави ратификацијата на членството на Шведска во НАТО во турскиот парламент и ја повика Унгарија да го стори истото за скандинавската земја да стане 32-ра членка на Алијансата. Турскиот парламент синоќа го изгласа долгоочекуваното одобрување за членство на Шведска во НАТО, по Предлог-законот што пред три месеци го поднесе претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Од Ердоган се очекува да го потпише законот во наредните денови. Турското одобрување ја остава Унгарија како единствена држава која сè уште не го ратификувала шведското членство во НАТО. Шведска поднесе барање за членство во НАТО во мај во 2022 година, во исто време со Финска.

Потегот беше историска промена на шведската безбедносна политика, што беше последица на руската инвазија врз Украина.