МТСП

Тренчевска ќе присуствува на претставување доградба на градинка во Велес

24.01.2024 09:09

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска ќе присуствува на претставување на доградбата на градинката „Димче Мирчев“ во Општина Велес, финансирана од Министерството за труд и социјална политика...

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска ќе присуствува на претставување на доградбата на градинката „Димче Мирчев“ во Општина Велес, финансирана од Министерството за труд и социјална политика.

Како што соопшти МТСП, на настанот воедно официјално ќе почне и функционирањето на сензорната соба во градинката која е донација од Амбасадата на Народна Република Кина во државава.