20 илјади евра за добра бизнис идеја
09.06.2014 16:13
Со новиот проект за самовработување младите до 29 години можат да аплицираат за финансиска поддршка. Рокот на враќање е седум години...

Со добра бизнис идеја до 20 илјади евра. Со новиот проект за самовработување младите до 29 години можат да аплицираат за финансиска поддршка. Рокот на враќање е седум години.
„Како новина и исклучителна поволност на оваа мерка е рокот на враќање на средствата кој изнесува цели 7 години односно период на отплата е 66 месеци грејс период од 18 месеци. Каматна стапка од 1% на годишно ниво. Сопствено учество од корисникот на кредитот од најмалку 25% од износот на бараниот кредит во вид на опрема, предмети или пари“, изјави министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Малите бизниси ќе може да добијат по 4 илјади евра за секое ново вработување. Правните субјекти треба да се регистрирани најмалку една година и да имаат вработено едно лице.
„Правниот субјект кој ќе вработи невработено младо лице до 29 годишна возраст со полно работно време, има обврска да го задржи на работа најмалку 36 месеци од денот на засновање на работниот однос. Доколку дојде до прекин на работниот однос по било кој основ, работодавачот е должен на негово место да вработи друго невработено лице“, нагласи директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски.
Досега проектот за самовработување со кредитирање обезбеди 2.084 мали бAnchorизниси, а се вработија над 3.150 лица.
Дијана Ценевска
