Србија

Голем пожар во кинескиот трговски центар во Нов Белград

24.01.2024 09:52

Во Кинескиот трговски центар во Нов Белград, кој се наоѓа во блок 70 на улицата Јуриј Гагарин, утрово околу 7 часот избувнал голем пожар...

Во Кинескиот трговски центар во Нов Белград, кој се наоѓа во блок 70 на улицата Јуриј Гагарин, утрово околу 7 часот избувнал голем пожар.

Во гаснењето на пожарот вклучени се 17 противпожарни возила и 62 пожарникари, како и еден хеликоптер.

Според информациите кои ги пренесуваат српските медиуми во пожарот нема повредени лица или загинати лица.

Од српското Министерство за внатрешни работи информираат дека пожарот бил пријавен во 06:57 часот, а борбата со огнената стихија сè уште трае. На почетокот за гаснење на пожарот биле испратени 46 пожарникари-спасувачи со 13 возила, но потоа пристигнало засилување, а според последните информации пристигнала уште една група пожарникари и сега во гаснењето на пожарот се вклучени 62 пожарникари.

 

Фото: rts.rs