Монголија

Жртви и повредени по експлозија на камион во Монголија

24.01.2024 11:33

До инцидентот дошло откако камионот се судрил со автомобил по што следувале серија експлозии и пожар кој зафатил висококатница во близина...

Шестмина жртви, меѓу кои тројца пожарникари и 11 повредени во експлозија на камион со 60 тони течен природен гас што се случила во главниот град на Монголија, Улан Батор. До инцидентот дошло откако камионот се судрил со автомобил по што следувале серија експлозии и пожар кој зафатил висококатница во близина.

Во гаснењето на огнот учествувале над 600 пожарникари и 100 противпожарни возила.