Култура

Изложба на фотографии од Сашо Саракинов

24.01.2024 11:33

На фотографиите се претставени едноставни настани видени од поинаков агол, со интензивна боја и нагласена форма вклопена во една композиција...

Од денес до 2-ри февруари во Уметничкиот центар АРТ ХАБ ќе биде поставена првата самостојна изложба на фотографии на Сашо Саракинов. Изложбата ќе се отвори денес во 19.30 часот и ќе бидат претставени околу 30 фотографии.

На фотографиите се претставени едноставни настани видени од поинаков агол, со интензивна боја и нагласена форма вклопена во една композиција. Фотографиите го отсликуваат моментот на настанот со нагласен архитектонски израз на она што се прикажува. Забележани се настани и објекти кои не опкружуваат во секојдневието, а сепак имаат многу што да кажат и да го свртат вниманието на гледачот, соопшти Уметничкиот центар АРТ ХАБ.