Корејски полуостров

Северна Кореја истрела крстосувачки ракети

24.01.2024 11:37

Ова е прво лансирање на вакви ракети од септември минатата година како дел од тактичка вежба за нуклеарен удар...

Северна Кореја истрела неколку крстосувачки ракети во жолтото море во близина на нејзиниот западен брег, дополнително зголемувајќи ги и онака затегнатите односи. Ова е прво лансирање на вакви ракети од септември минатата година како дел од тактичка вежба за нуклеарен удар.

Претходно, во Пјонгјан по наредба на лидерот Ким Јонг Ун беше урнат споменикот – симбол за помирување со Јужна Кореја, соопштувајќи дека обединувањето повеќе не е можно.