Тенис

Надал би можел да се врати на теренот во февруари

24.01.2024 11:37

Надал на почетокот на овој месец, по едногодишна пауза поради повреда, се врати на тенискиот терен на турнирот во Бризбејн, но во четвртфиналето го повреди мускулот на колкот...

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал би можел да се врати на теренот во февруари, откако неговото име се најде на списокот учесници на турнирот во Доха.

Надал на почетокот на овој месец, по едногодишна пауза поради повреда, се врати на тенискиот терен на турнирот во Бризбејн, но во четвртфиналето го повреди мускулот на колкот и се повлече од настап на Австралија Опен.

Се шпекулираше дека повторно го очекува долга пауза, но Надал е пријавен за настап на турнирот од серијата 250 што стартува во Доха на 19-ти февруари.