Реакција на градоначалниците Димитровски и Дончев, за апсењата во Бугарија

05.12.2013 14:57

По информациите на бугарските

По информациите на бугарските  и на македонските медиуми дека синоќа на градничниот премин кај Делчево Бугарската полиција привела двајца македонски државјани ,градоначалници на Кочани и на Виница,поради наводно, недозволено пренесување  20 парчиња ловечка и 100 куршуми за малокалибарско оружје, денеска градоначаланиците Ратко Димитровски и Емил Дончев го дадоа следното објаснување:

-Вештачки е создадена фама за недозволено пренесување муниција,бидејки инцидентот не соодветствува со реалната ситуација.Имено при рутинска контрола  на возилото со кое патуваваме кон Македонија, бугарската полиција ја забележа муницијата која се наоѓаше во касетата на истото возило, која е сопственост на бугарски државјанин, наш пријател со кој поминавме неколку часа. Мора тој да ги заборавил во касетата бидејки куршумите не беа скриени, велат Димитровски и Дончев.

 Бугарската полиција го испита случајот и не распраша како сведоци во делото против нивниот државјанин за потеклото на муницијхата. Потоа не пуштија да си заминеме во нашата држава , велат Димитровски и Дончев.

 

Киро Герасимов