Кошарка

Мартич пред отказ?

09.06.2014 16:33

Во редот можни наследници, ако се случи промена на клупата од Аеродром, низ кулоарите се споменува и Врбица Стефанов. Играчката легенда на Металците, кој што во целата иронија што не следи генерално сите во битисувањето, има домашна титула во дресот на лутиот ривал....

Зоран Мартич си заминува од МЗТ Скопје. Се уште е шпекулација, но присутна низ сите медиуми во Македонија и добива сериозна димензија, што не подготвува за многу реална смена на синото кормило. Официјалната информација е дека ситуацијата е статус кво, но многу брзо се очекува разрешување на дилемата.
 
Во редот можни наследници, ако се случи промена на клупата од Аеродром, низ кулоарите се споменува и Врбица Стефанов. Играчката легенда на Металците, кој што во целата иронија што не следи генерално сите во битисувањето, има домашна титула во дресот на лутиот ривал.
 
Словенечкиот стратег ја одбрани двојна круна, загуби само еден натпревар и тоа во финалната серија од Работнички. Имаше скор 8/8 во 16 јадрански меча и за влакно, во последниот натпревар на домашен терен, му избега директен пласман во УЛЕБ Еврокупот.
 
За неговите тренерски квалитети не сме во позиција да коментираме, затоа што не учествуваше во директна селекција на целата екипа и немаше многу време, да покаже се што знае и ште не знае. Реалноста вели дека го рефрешира МЗТ, екипа што со Вукоичиќ тешко победуваше дома и никако на гости, на стартот на сезоната во која што искрено посакувавме да го гледаме нашиот шампион и на АБА фајнал форот.
 
Наредната сезона, МЗТ Скопје скоро сигурно го чека живот без Тодор Гечевски, кој што во моментов е на одмор и размислува дали и каде би продолжил со играње. Се најавуваат и звучни засилувања. Најверојатно кон крајот на годината, треба да почне уште една нова ера, пред своја публика, во своја сала, во своја населба, дома.
 
Беше најавена соработка за уште две нови сезони со Словенецот, а сега гром од ведро небо. По Александар Тодоров, Алеш Пипан, Влада Вукоичиќ, Зоран Мартич... Кој е следниот? Ќе биде ли странец, или ќе добие шанса некој домашен производ?