Нов апарат за анестезија и респиратор за велешката болница
Станува збор за нов апарат за анестезија набавен од Министерството за здравство во вредност од 4 милиони денари. Овој апарат којшто веќе е поставен во оперативната сала е потребен за подобро функционирање на одделот за анестезија. Набавен е и нов респиратор со средства од Министерството во износ од 3,5 милиони денари.

Велешката болница доби нова медицинска опрема. Станува збор за нов апарат за анестезија набавен од Министерството за здравство во вредност од 4 милиони денари. Овој апарат којшто веќе е поставен во оперативната сала е потребен за подобро функционирање на одделот за анестезија. Набавен е и нов респиратор со средства од Министерството во износ од 3,5 милиони денари.
„Како никогаш досега вложуваме во набавка на нова медицинска опрема. Двојно го зголемивме буџетот за оваа намена од 2,6 на 5 милиони евра и во повеќе од 15 здравствени установи обезбедивме нова и современа опрема“, изјави министерот за здравство, Фатмир Меџити.
Нагласи дека за една година е направено сериозно зајакнување на јавното здравство со нова апаратура, реконструкции и лекови.
