Конференција

Безбедноста на државата и граѓаните е прв приоритет

24.01.2024 14:42

Во Скопје продолжи дводневната годишна конференција посветена на европските можности, којашто ја организира Владата. Во агендата и безбедноста на државава по членството во НАТО …

Два типа на повеќенаменски армиски хеликоптери ќе набавува Министерството за одбрана од италијанска компанија, информираше министерката Петровска. Таа вели дека договорот за испорака на 8-те воздухоплови ќе го потпишат двете влади, а производителот има рок од две години да ги достави.

Министерот Спасовски рече е зголемена безбедноста во земјава.

Ако сака полноправно членство, Македонија мора да ги исполни безбедносните стандарди на Европската унија, заклучува дипломатот Нано Ружин на конференцијата во Скопје.

 

Анита Димитријевска – Велковска