Државата ќе ја преземе зградата на ССМ
Државата ќе ја „лапне“ зградата на ССМ. Сојузот се жали на притисоци, Врховен ја образложи пресудата...

Државата ќе ја преземе зградата на Сојузот на синдикатите. Врховниот суд донесе пресуда по поднесената тужба и образложи – со државни пари е граден објектот во време на Народна Република Македонија.
„Во периодот кога е изградена предметната недвижност, правниот претходник на тужениот бил општествено политичка организација која не обавувала стопанска дејност, поради што немала и не можела да има сопствени приходи за стекнување на имот“, велат од судот.
ССМ смета дека ова е своевидна одмазда за сите синдикални протести и штрајкови и на гласноста во борбата за подобрување на работничките права, како и на реакциите за зголемувањето на платите на избраните и именувани лица, кои биле кнедла во грлото на функционерите и судиите.
И додека претседателот на врховен негира дека учествувал во одлучувањето, премиерот Ковачевски застаната на страната на работниците.
Додека судот смета дека објектот бил граден со државни пари, ССМ тврди дека работниците учествувале со сопствени средства.
Ана Јосифоска-Тодоровска
