Здравство

Статусот ,,договор на дело" ги принудува медицинските сестри да заминуваат од државата

24.01.2024 16:17

Договорите на дело ги бркаат медицинските сестри надвор од државата, предупреди Унијата. Синдикати стравуваат дека ќе извисат голем дел од оние кои чекаат вработување…

Дел од ангажираните со договор на дело во јавното здравство сега нема да бидат вработени и покрај ветувањата на надлежните. Објавени се конкурси во дел јавните здравствени установи за помалку луѓе од оние што чекаат. Таков случај е и во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Статусот со договор на дело ги брка сестрите во странство, предупреди Унијата.

Од Независниот синдикат реагираат што во некои здравствени установи сè уште нема конкурси, а од утре ќе има техничка Влада, па се плашат дека ангажираните со договор на дело ќе останат на цедило. Министерот смирува.

Додека трае неизвесноста, ангажираните на дело од 1-ви јануари одат на работата без никаков документ. Пари за вработување има за околу 1.100, дел влегуваат и однадвор.

 

Наташа Јанчиќ Менковски