ГЕРМАНИЈА

Шестдневен штрајк на машиновозачите во Германија

24.01.2024 18:00

Штрајкот започна синоќа во 18 часот во товарниот превоз, а рано изутринава, во 2 часот се прошири и на превозот на патници...

Шестдневен штрајк на машиновозачите во Германија. Штрајкот започна синоќа во 18 часот во товарниот превоз, а рано изутринава, во 2 часот се прошири и на превозот на патници.

Вработените бараат работно време од 35 часа неделно и повисоки плати. Последиците од штрајкот ќе ги почувствуваат и соседните земји.

Протестите треба да продолжат до 18 часот следниот понеделник.