РУСИЈА
Се урна руски авион со украински заробеници, нема преживеани
24.01.2024 18:10
Москва го обвини Киев за тероризам. Оттаму велат дека леталото било соборено со противвоздушни ракети...

Руски воен авион со 74 лица, меѓу кои 65 украински заробеници, се урна во Белгород. Нема преживеани.
Москва го обвини Киев за тероризам. Оттаму велат дека леталото било соборено со противвоздушни ракети. Според генералштабот на Украина, авионот превезувал ракети за руските системи за воздушна одбрана.
