Македонија

Димитриевски: Лидл е успешна инвестиција за Општина Куманово со очекувани над 150 вработувања

24.01.2024 19:06

На површина од 63.000 метри квадратни метри и со очекувано вработување на над 150 лица, Општина Куманово ја доби до сега најголемата инвестиција која ќе се реализира во индустриската зона во Куманово, логистички центар на Лидл...

На површина од 63.000 метри квадратни метри и со очекувано вработување на над 150 лица, Општина Куманово ја доби до сега најголемата инвестиција која ќе се реализира во индустриската зона во Куманово, логистички центар на Лидл. За градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, ова претставува развој на Куманово и индустриската зона Речица, но и на североисточниот плански регион на Македонија

„Искрено благодарам на инвеститорот за неговата лична заложба оваа голема инвестиција да ја лоцира во нашата индустриска зона, која самата по себе со атрактивноста и местоположбата нуди дополнителни можности за развој и на ЛИДЛ, но и на самата зона, како и на кумановското и македонското стопанство во целина. Овој нов стопански капацитет, во иднина очекуваме да вработи над 150 луѓе, но и дополнително да ангажира голем број логистички и шпедитерски компании од градот, регионот, државата и пошироко со непречен транзит на стоки и добра, со што ќе придонесе за зголемување на БДП, не само во општина Куманово, туку и пошироко“, истакна градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Првото писмо за намера за инвестиции од реномираната светска компанија Лидл, Општина Куманово го доби во мај 2022 година, по што беше спроведена законска постапка за урбанизација на просторот од 17 хектари земјиште, отуѓување на земјиштето по пат на јавна лицитација во вкупна вредност од 5,3 милиони евра и издавање на одобрение за градење во најкус можен рок. Постапката беше спроведена во законски рамки, но за жал со голем број на бирократски проблеми, порача градоначалникот Димитриевски.

Градоначалникот Димитриевски порача инвеститорот Лидл да продолжи со своите инвестиции во општина Куманово, регионот и североисточниот плански регион и државата, бидејќи на тој начин покрај тоа што граѓаните ќе добијат поквалитетен сервис, услуга и производи во дејноста на инвеститорот, ќе се подигне и нивото на конкурентноста на пазарот, ќе се намалат цените на производите кон граѓаните, а воедно ќе се отворат и нови можности за дополнително наменско производство на прехранбени и други производи од страна на домашни локални производители и даватели на услуги.