Македонија
Маричиќ на средба со амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп
24.01.2024 19:48
На средбата, се разговараше за заемната определба за унапредување на постоечката соработка со Холандија во клучните области посветени на реформите во пристапните преговори...

Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ одржа работна средба со амбасадорот на Кралството Холандија Дирк Јан Коп во Северна Македонија.
На средбата, се разговараше за заемната определба за унапредување на постоечката соработка со Холандија во клучните области посветени на реформите во пристапните преговори. Северна Македонија и Холандија забележуваат долгогодишно партнерство и сојузништво во спроведување на целокупниот евроинтегративен процес на нашата држава.
