Временска прогноза

Времето утре сончево и потопло од денес

24.01.2024 20:23

Попладне на места ќе настапи зголемување на облачноста и ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд...

Во текот на утрешниот ден во Македонија ќе преовладува сончево и потопло време во однос на денешното. Ќе дува умерен ветер долж Повардарието, повремено засилен од северозападен правец.

Попладне на места ќе настапи зголемување на облачноста и ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -7 до 3, максималната од 5 до 15 степени. Скопје утре со дневна температура до 10 степени.