Политика

ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на кандидатите за техничката влада

24.01.2024 22:26

Адвокатот Панче Тошковски, министер за внатрешни работи во техничката влада, Ѓоко Велковски министер за труд и социјална политика, кој веќе подолго време работи во ова министерство...

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги објави имињата на министрите и замениците кои ќе партиципираат во техничката влада. Адвокатот Панче Тошковски, министер за внатрешни работи во техничката влада, Ѓоко Велковски министер за труд и социјална политика, кој веќе долго време работи во ова министерство.

За заменици-министри предложени се Елена Петрова за финансии, која доаѓа од УЈП, Стефан Андоновски за информатичко општество и администрација и Цветан Трипуновски за земјоделие.

Од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот, нема да гласаат за поддршка на влада којашто ја преводи лице предложено од СДСМ и ДУИ.