Црното шеќерче ги загорчи односите помеѓу „Пионир“ и „Европа“

09.06.2014 17:07

Производот Бон-бон Нуар постои на српскиот пазар веќе 11 години, тврди раководството на „Европа“. Потегот на запленвуање на производот на српскиот пазар, само е израз на непрофесионалноста на српските служби...

Македонски Бон-бон Нуар е нападнат од српски Негро. Со неодоливи арома и вкус поради единствениот адитив лакриц, црното шеќерче ги загорчи односите помеѓу довчерашните бизнис соработници.  Менаџментот на европа тврди дека се неосновани обвинувањата за наводен фалсификат, па најавува тужба за нарушен углед .

„Тие пред да имаат одговор од судот веќе постапија и ја запленуваат робата. Лошо е за инспекциските органи бидејќи се ставаат во служба на една приватна компанија“, изјави Савка Тодорова, генерален директор на „Европа“ во Скопје.

Поради повлечената стока, можно е, велат од компанијата,  да се соочат со материјална загуба од два милиони евра, за другите последици не е можна проценка.

Производот Бон-бон Нуар постои на српскиот пазар веќе 11 години, тврди раководството на „Европа“. Потегот на запленвуање на производот на српскиот пазар, само е израз на непрофесионалноста на српските служби.

Стопанската комора на Македонија ќе посредува преку Комората на Србија.

„Врз основа на сите податоци, докази и документација коишто ги имаат овие компании во Србија“, велат од Комората.

Бон-бон Нуар на пазарот постојат веќе 50 години, граѓаните препознаваат разлика од Негрото.

Менаџментот на Европа тврди дека според српскиот Закон, фирмата требала да реагира од три до пет години по нејзиното појавување на пазарот,  особено што сегашната амбалажа ја печатела фирма токму на сопственикот на „Пионир“.

 

Фиљана Кока