ИЗРАЕЛ
Израелската армија спроведува голема офанзива во областа на Кан Јунис
25.01.2024 09:26
Истовремено, израелската влада најави дека нема да има прекин на огнот додека не бидат ослободени сите заложници во Појасот Газа и не биде целосно уништена палестинската група...

Израелската армија објави дека спроведува голема офанзива во областа на Кан Јунис. Истовремено, израелската влада најави дека нема да има прекин на огнот додека не бидат ослободени сите заложници во Појасот Газа и не биде целосно уништена палестинската група.
Од друга страна, Министерството за здравство во Газа, кое го води Хамас, известува за 25.700 убиени Палестинци од 7-ми октомври. Светската здравствена организација тврди дека Израел продолжува да ги таргетира здравствените установи низ Газа.
