Северна Кореја
Северна Кореја за првпат оваа година тестираше нова стратешка крстосувачка ракета
25.01.2024 09:29
Северна Кореја соопшти дека за првпат тестирала нова стратешка крстосувачка ракета како дел од нејзините редовни и задолжителни активности за развој и надградба на вооружениот систем...

Северна Кореја соопшти дека за првпат тестирала нова стратешка крстосувачка ракета како дел од нејзините редовни и задолжителни активности за развој и надградба на вооружениот систем.
Ракетата е во развој и пробното истрелување немало влијание врз безбедноста на соседните земји, соопшти корејската Централна новинска агенција, додавајќи дека нема никаква врска со регионална ситуација.
Минатата недела, Пјонгјанг тврдеше дека тестирал подводен дрон на нуклеарен погон во знак на протест против последните заеднички воени вежби на Јужна Кореја, САД и Јапонија.
